Васко Кичевски е новиот претседател на СДСМ во Скопје

Васко Кичевски е новиот претседател на Градсата организација на СДСМ во Скопје.
Васко Кичевски е актуелен директор на Паркинзи на општина Центар, е роден на 21.11.1985 година во Скопје, Основното и средното образование ги завршува во Скопје. Дипломира на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, насока – Индустриско инженерство и менаџмент.
Со особена чест и задоволство денес ја прифатив понудата на претседателот Димитар Ковачевски да бидам претседател на Градската Организација на СДСМ.
Верувам дека ќе ја оправдам укажаната доверба со исклучително одговорно и транспарентно работење. Заедно со мојот тим бурно ќе го следиме моменталното раководство на градот и со позитивни предлози ќе успееме да се избориме повторно да го вратиме Скопје на правиот пат, да биде демократски, модерен и европски град, објави Васко Кичевски на својот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e