Заеднички, со сите наши партнери во борбата против корупцијата, независните институции, меѓународната заедница, како и невладиниот сектор, започнуваме со креирање на нови системски мерки како дополна на Планот за борба против корупција.
Дел од новите мерки ќе бидат:
Потекло на имот
Електронски систем за прием на пријави од укажувачи
Аудио и видео надзор за начинот на преземање на службените дејствија од страна на царинските службеници, даночните инспектори и даночните контролори во Царинската управа и Управата за јавни приходи
План за интегритет на членовите на Владата во соработка со Совет на Европа
AIR Coop / четири главни царински испостави
Борбата со корупцијата мора да се води системски и во сите сегменти на општеството, посочи Николовски.