Утрово најстудено во Маврови Анови, Крива Паланка и Крушево

Утрово најстудено е во Маврови Анови каде се измерени -3 степени.

По него следува Крива Паланка и Крушево со -2 степени, – 1 степен е регистриран во Штип, Берово и Виница.

0 степени во Скопје-Петровец и Дебар, 1 степен во Скопје-З.Рид, Тетово, Прилеп, Охрид, 2 степени во Струмица, 3 во Битола, Демир Капија, додека пак најтопло било во Гевгелија каде се измерени 6 степени.

Најмногу дожд имало во Берово каде се измерени 6 l/m2, 4 во Кр.Паланка, Штип, Виница, 3 во Охрид, Дебар, Крушево, 1 во Гевгелија, Струмица, Д.Капија, Ѓуриште.

Времето денес променливо облачно и студено со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локален дожд, а на на повисоките места и на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно и студено со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 4 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e