Утре ќе се избира петтиот член на ад хок телото

“Членовите на ад хок телото за мониторинг на медиумите во предизборниот период, утре на седница ќе го избираат петтиот член кој е потребен за телото да може да почне да работи.

На јавниот повик пријавени се Сефер Тахири, Илир Ајдини, Бесмира Ејупи, Даут Даути, Ајат Реџепи, Фитим Кријезиу, Лулзим Хамиди и Јосиф Џочков.
Според договорот на четирите политички партии, најмалку еден член на телото мора да биде Албанец, но бидејќи ниту ДУИ ниту ДПА не доставија свои предлози, петтиот член што треба да се избере со консензус на досега избраните четворица треба да биде Албанец. ” – објави 24 Вести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e