Утре ќе биде погребан Душко Чифлиганец – останките изложени во храмот во Аеродром

Утре, среда, 6. август, во 14 часот, во православниот храм “Св.Јован Крстител” во општина Аеродром кај мостот Близнаци на реката Вардар, изграден под ктиторство на семејството Чифлиганец, ќе бидат изложени посмртните останки на прерано починатиот ДУШко Чифлиганец.

Опело ќе отслужат свештени лица предводени од Поглаварот на МПЦ — ОА, Архиепископ Охридски и Македонски г.г Стефан.

Семејството Чифлиганец изразува огромна благодарност за изразеното сочувство од многубројни граѓани, пријатели, роднини и соработници од Македонија и надвор од границите на државата.

img-20250805-wa0000-1229x1536

Душко доживеа тешка сообраќајна несреќа за време на мотоциклистичка трка во Брно, Чешка во саботата на 2 август. Несреќата се случила за време на натпреварувањето, а тој со својот мотор паднал и здобил тешки повреди на кои, за жал, ден подоцна им подлегна во болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e