Усвоена Национална стратегија за соработка со дијаспората (2018-2023)

Членовите на Владата на Република Македонија денеска едногласно ја прифатија Информацијата за потребата од изготвување Национална стратегија за соработка со дијаспората (2018-2023).

Владата задолжи повеќе министерства ги задолжи и државните органи, во рок од 10 дена до Кабинетот на министерот без ресор, Едмонд Адеми, задолжен за дијаспора, да достават номинации на член и заменик – член за Работната група за изготвување Национална стратегија за соработка со дијаспората.

Денешниот усвоен документ е прв чекор кон креирањето на националната стратегија, и е прв пат една Влада, за овие 26 години независна држава, да пристапи кон прашањето на дијаспората вака темелно, институционално и организирано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e