Уставниот суд реши, но Заев треба да ги поништи парцелите од посебен интерес за Груевски

Уставниот суд вчера го укина членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, според кој претходната влада на Никола Груевски прогласи над 100 објекти што ги пикираше од цела Македонија за објекти од посебен интерес за државата. Со помош на овој член Владата им ги одзеде правата на општините, изработуваше планско-урбанистичка документација за објектите, и од бизнис и популистички мотиви ги пренамени во хотели, станбени згради, деловен простор, тениски игралишта, спортски сали, чешми…

Сега, кога веќе го нема веќе овој член, не може веќе никој да им прави упад на општините во урбанистичките планови и од чистo бизнис причини да им киднапира објекти кои божем биле од посебен интерес, пишува Сакам да кажам.

Но, новата Влада на Зоран Заев треба сега, кога Уставниот суд го укина овој член за прогласување објекти од посебен интерес за државата, да ги отвори една по една овие одлуки и таму кај што не се почнати, или градбите се на почеток, да ги отповика и укине. Тоа треба да се направи веднаш, појаснуваат уставните судии.

Сè до вчера не се знаело дали ќе остане мнозинството од петте гласа во Уставниот суд, па затоа градоначалникот Андреј Жерновски пред еден месец ги повлекол сите урбанистички планови во Општина Центар, за со сигурност да се спасат од барокизирање Градскиот трговски центар (ГТЦ), Македонската опера и балет и Народната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св Климент Охридски“. Тие се меѓу оние претходно прогласените од Владата на Груевски за објекти од посебен интерес, со што агресивно беа нападнати да бидат преслечени во барок.

САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека со ова настрадале милионски бизниси поврзани со претходната власт, поради што веќе почнале во Уставниот суд да стигаат иницијативи против тоа.

Целиот текст можете да го прочитате тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e