Уставниот суд денеска расправа за екстерното тестирање

Дури по две години од поднесувањето на иницијативата од страна на Наставничкиот пленум, Уставниот суд на денешната седница ќе го разгледува Правилникот за начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на материјалот зе екстерно проверување, начинот на проверување на тестовите од страна на училишната комисија, како и формата и содржината на извештајот од екстерното проверување во средните училишта донесен од министерот за образование и наука на 22 април 2013 година.

Иницијативата за преиспитување на шест членови од законот за средно образование, кои го регулираат сега укинатото екстерно тестирање, по две години ќе се најде на дневен ред пред уставните судии.

На први јуни Владата го укина екстерното тестирање за учениците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e