Во период од неколку дена, по втор пат, насилно се уништува спомен обележјето на Вера Циривири – Трена, во истоименото училиште во Карпош 2, соопштија денеска од Општина Карпош, кој случајот го пријавиле до МВР и до Крим техника.
Овие вандалски чинови стануваат секојдневие и бараме итни санкции за сторителите.
Откако претходно бевме соочени со свесно уништување на урбаната опрема (реквизити на детски игралишта, клупи, корпи, столпчиња) сега се уништуваат и бистите по основните училишта. Општината, во повеќе наврати има испратено и пријави до ПС Карпош“, додаваат од Општината.