Времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, а вдолж Повардарието со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Во наредните денови следува период на претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од снег, освен вдолж Повардарието каде ќе бидат од дожд и снег. За време на викендот врнежите наместа ќе имаат пообилен карактер (локално над 30 л/м2). На планините снежната покривка позначително ќе се зголеми (20 до 30 см), а нова ќе се формира и во некои пониски места. Температурите ќе бидат под просекот за овој период.