УЈП РАСПРОДАВА: Автомобили за 950 евра, компјутери и телевизори за 120 евра, машини за 100 евра

Управата за јавни приходи продава движни и недвижни предмети запленети по основ на ненаплатени даночни долгови на јавна аукција. На аукцијата може да учествуваат лица кои успешно се регистрирале и претходно уплатиле депозит во висина од 10% од утврдената вредност на движните/недвижните ствари, најдоцна до 20.05.2019 година (понеделник).

На распродажбата се нудат автомобили како Ауди за 56 000 денари, Мерцедес за 59 500 и комбе Мерцедес за 80 000 денари. На аукцијата ќе се наддава и за телевизори, компјутери, лап топи, компресори, па дури и машина ЦНЦ за обработка на дрво, пластика и лесни метали.

Стварите се продаваат по систем видено-купено, а дополнителни рекламации нема да се примаат.

Целата листа на предмети можете да ја погледнете на официјалната веб страница на УЈП – ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e