УХМР со предупредување: Подгответе се за силен ветер и дожд

Македонија денеска ќе биде под влијание на променливо облачно време, а кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд. Главна карактеристика на денот ќе биде умерениот до засилен јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 60 km/h.

Температурите ќе се движат од минимални 0 до максимални 21 степен. Во Скопје времето ќе биде слично, со умерен до засилен јужен ветер и температура до 20 степени.

Според УХМР, нестабилното време ќе продолжи и утре под влијание на циклонска активност. Најкритично се очекува да биде во петок, кога се најавуваат пообилни врнежи (над 20 l/m²), а на планините и на некои повисоки места дождот ќе премине во снег. За време на викендот не очекува посвежо време со умерен северен ветер, особено долж Повардарието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e