Управата за хидрометеоролошки работи денеска информира дека според утринските податоци од хидролошките станици, значително висок водостој е регистриран на реката Вардар во горниот дел од сливот, на сливот на реката Пчиња, и на реките Пена и Лепенец.
Зголемен водостој забележан е и на реката Вардар во Скопје.
„Поради можност од натамошно зголемување на водостојот, предупредуваме на внимателно следење на состојбата во овие речни сливови во текот на денешниот ден. Исто така, значително висок е водостојот и на реката Радика, а во пораст се водостоите и на реките Треска, Црна и Сатеска. Воопшто, зголемен е водостојот на сите реки во земјава, особено на тие во западните делови и во текот на денот се очекува натамошно зголемување“, соопштија од УХМР.
Од таму предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава, особено покрај Вардар и нејзините притоки во горниот дел од течението, покрај Лепенец и покрај течението на Радика (заедно со притоките), како и сливот на Пчиња поради особено висок водостој во текот на денот.
