Денес во претпладневните часови ќе продолжат пообилни врнежи од снег, а во централниот и долниот дел на Повардарието од дожд и снег. До средината на денот снежната покривка во поголемиот дел од земјава ќе продолжи да се зголемува.
Во понеделник променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег, слаби во централните делови од земјата и на југоистокот претежно од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец.