УХМР најавува топлотен бран со температури над 40 степени

Македонија од четврток до недела ќе биде зафатена од топлотен бран со многу високи температури и суво време. Дневните температури во јужните делови на земјава ќе достигнат и до 41 Целзиусов степен, а во поголем дел од територијата ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Инаку, и подолготрајните прогнози на меѓународните метеоролошки сајтови предвидуваат исклучително високи температури и суво време коешто ќе се задржи и во текот на следната работна недела, со дневни температури на воздухот кои во Повардарието и јужните делови на Македонија би се движеле меѓу 35 и 40 Целзиусови степени.

И во Скопје наредните денови времето ќе биде сончево и топло, со дневни температури на воздухот што ќе достигнат до 39 Целзиусови степени. Топлото време во Македонија доаѓа откако земјите од Западна Европа беа зафатени од топлотен бран со рекордни високи температури. На лондонскиот аеродром Хитроу за првпат во историјата денеска беа измерени 40,2 Целзиусови степени, пренесува Гардијан. Температури од над 40 степени деновиве беа измерени и во Франција, додека во Шпанија и Португалија беа измерени во некои делови беа измерени над 45 степени.

Топлотните бранови низ Европа, како и во Македонија, во изминативе години се позачестени, траат подолго и предизвикуваат огромни штети во најразлични сектори, од здравствениот сектор до енергетиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e