УХМР најавува невреме со дожд, грмежи и ветер

Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме.

Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.

Во недела под влијание на постудена воздушна маса, ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер и ќе има намалување на температурите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e