„Времето утре променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Претпладне на планините и на некои пониски места во источните делови ќе провејува слаб снег.
Од вторник следува период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието“, соопшти УХМР.