УХМР најавува драстична промена на времето

Под влијание на нов влажен бран времето денес ќе биде претежно облачно со засилен, а во источните делови и долж Повардарието повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/час).

Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20 л/м2), каде на повисоките планини ќе бидат од снег.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините со повремен локален снег. Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела се очекуваат нови локални врнежи од дожд и снег на планините. Од петок утринските температури на повеќе места ќе бидат под нула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e