УХМР најавува дожд, ветер и пад на температурите

Утре ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот и локални врнежи од дожд.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во недела, особено во јужните и источните делови. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени, а од вторник на места ќе има утрински температури под нула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e