Штипски гимназијалец, кој е полнолетен, на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил текст со заканувачка содржина. Што стоело во објавата што била прикачена како „стори“, надлежните органи не откриваат.
Ова е прва закана на социјална мрежа во изминатиот период, а во Скопје и Тетово деца правеа списоци со соученици, кои според содржината беа слични на списокот што го направи ученикот убиец од Србија, кој изврши масакр. Штипјанецот е уапсен.
„Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б. Д. (18) од Штип бидејќи во 12.18 часот во СВР Штип од гимназијата во Штип, каде што тој е ученик, било пријавено дека на неговиот профил на ‘Инстаграм’ објавил текст со заканувачка содржина“, велат од МВР за „Макфакс“.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полицијата реагира и во претходните денови. Ученици од две основни училишта во Скопје правеа списоци, но и ученик од Тетово, кој го ставил во тоалетот.
Извор: Макфакс
