Речиси шест месеци по изрекувањето на казните, целосниот текст е доставен до бранителите на осудените лица. Одбраната најавува жалба до Апелациониот суд и ќе бара одржување јавна седница.
Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев кон крајот на јуни беа осудени на доживотен затвор. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој беше обвинет дека давал информации за движењето на неговата ќерка, беше ослободен од вина
