На 06.01.2020 во 17.20 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром-Скопје“ од слобода бил лишен К.Ѓ.(63) од Скопје поради тоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „А”(апси) по барање на СВР-Скопје.
Подоцна, тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.