ТВ21 со реакција до СДСМ: Ги немаме ресурсите на СДСМ за да верификуваме идентитет на одредена личност во реално време

ТВ 21 вечерва излезе со реакција на демантот на СДСМ во врска со нивниот прилог во Арачиново, вокои локални жители изјавија дека им било ветено вработување на 300 пилоти, доколку гласаат за одредена партија.

Од партијата на власт велат дека станува збор за класични лажни вести изнесени од страна на извесен Шаби Билали, лице со сомнителен кредибилитет.

„Лицето кое го изнесува ова лажно тврдење е син на поранешен кандидат за градоначалник на Арачиново кој во Грција бил уапсен за нелегален транспорт на мигранти, а бил фатен и со наркотици“, соопштија од СДСМ.
Реакцијата на ТВ 21 ви ја пренесуваме во целост:

„Click Plus одаја“, вчера во живо од Арачиново ги пренесуваше маките на тамошните жители и изборните верувања кои не се реализирани.

Како, вода за пиење, канализација, градинка, превоз за учениците, средно училиште, лекарски услуги 24/7, простор за младите, парк, шеталиште, фудбалски стадион..

Еден од жителите на Арачиново вчера раскажа дека едно од лажните изборни ветувања е и вработувањето на „300 пилоти“ доколку гласаат за одредена партија. Концептот на „КЛИКПЛУС ОДАЈА во Арачиново беше ист како на минатите емисии, при што жителите сами раскажуваат за нереализираните ветувања од политичарите, со години и децении.

Исто беше и во Идризово и Визбегово, каде жителите ја поканија ТВ21 за да ги раскажат нивните маки. „Click Plus одаја“ е отворена за сите граѓани кои сакаат на ТВ21 да ги раскажат нивните проблеми и им овозможува на дискриминираните граѓани јавно да зборуваат.

ТВ21 исто така ги пренесе и маките на жителите од Арачиново.

ТВ21 не ги поседува ресурсите кои ги има СДСМ за да го верификува идентитетот на одредена личност и неговите податоци во реално време, во живо, надвор од своите телевизиски студија, во општина каде е гостин.

Концептот на „Одајата“ можеби изгледа туѓ, но има правила и за домаќинот, но и за гостите.

Затоа, реакцијата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за преносот на тоа што го нарекува лажна вест “од страна на лице со сомнителен кредибилитет, оти лаже дека на жителите им е ветено вработување на 300 пилоти“ ТВ21 го смета за навредливо и не етичко.

ТВ21 преку своите емисии, ќе продолжи и понатаму да ги слуша проблемите на граѓаните на кои политичките партии им ветиле подобар живот, а не медиумите“.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e