ТВ 21: Горан Грујевски имал уште еден идентитет – Владимир Варелов!

Горан Грујевски кој точно еден месец е во бегство и за кого е издадена меѓународна потерница имал уште еден идентитет – Владимир Варелов, тврди ТВ 21од извори во Министерството за внатрешни работи.

Истите извори од полицијата велат дека и Интерпол е известен за ова име под кое се претставува Грујевски кој од СЈО е обвинет во предметот Тврдина и Таргет и дека е распишана дополнителна меѓународна потрага. Засега МВР официјално не ги потврдува овие информации.

Официјално велат дека во рамките на овластувањата и обврските ги преземаат сите мерки со цел лоцирање на Горан Грујевски и Никола Бошковски, и се прават проверки на повеќе локации во земјава. Но, со оглед на, како што велат од МВР, упатеноста на овие лица со можностите кои им стојат на располагање, потрагата е отежната.

СЈО за Грујевски и Бошковски бараше притвор, Апелација определи а неколку дена подоцна потврди и Врховен, но во меѓувреме тие се дадоа во бегство. Се товарат за злоупотреба на службената положба и спроведување на незаконското прислушување како и за уништување на системите со кои се следеле комуникациите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e