Турканици и скршени стакла во ССМ – Дарко Димовски се обиде да ја преземе функцијата, обезбедувањето не му дозволи влез

Дарко Димовски го доби решението од Централниот регистар, со кое е запишан како претседател на Сојузот на Синдикатите на Македонија. Тој утрово се обиде да ја преземе функцијата од Живко Митревски, но на влезната врата обезбедувањето не дозволуваше влез на Димовски и неговите соработници. Беше повикана и Полицијата, со цел да обезбеди асистенција доколку не се дозволува влез на Димовски. Епилог од турканиците е скршеното стакло на влезната врата на ССМ. Откако по околу еден час убедување и напрегната атмосфера, сега веќе екс првиот човек на ССМ, Митревски се симна долу, се постигна договор Димовски, полицискиот службеник и неколкумина соработници да се качат во просториите на синдикатот. Митревски замолил да му се даде рок од неколку часа да ги собере своите работи. За денеска во 15 часот е закажано примопредавање на функцијата меѓу новиот в.д. претседател Димовски, инаку претседател на СУТКОЗ, и поранешниот Живко Митревски.

Дарко Димовски пред повеќе од една година беше изгласан од синдикалните тела за нов претседател на ССМ, а од петокот минатата недела веќе е запишан во Централниот регистар на Македонија како в.д. претседател на ССМ. Тоа значи дека вече треба да почне да го извршува својот мандат. Откако се качија во салата на Синдикатот, Димовски и неговите соработници од гранските синдикати, во очекување да се случи и официјалното примопредавање, ветија дека сега кочечно почнува вистинската борба за работничките права во земјава.

Митревски минатата недела ја обвини министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, дека дозволува незаконска негова смена од раководната позиција на синдикатот. Се досега Централниот регистар не го впишуваше Димовски во регистарот на синдикатите, но по смената на раководството во таа институција, Димовски го доби решението.

Димовски и повеќе грански синдикати за време на мандатот на Митревски го обвинуваа дека е приврзок на поранешната власт и не се грижи за правата на работниците.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e