Тунџев: Една од мерките што Владата на С. Македонија ги вети и исполни, е намалувањето на цените на услугите на Катастарот

„СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува да креира и имплементира мерки и политики кои носат придобивки за граѓаните. Се професионализираат инситуциите и услугите, се намалуваат трошоците на граѓаните, на прав пат сме!“, изјави на прес-конференција членот на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Борис Тунџев.

Нагласува дека една од мерките што Владата на Република Северна Македонија ги ветила и исполнила, е намалувањето на цените на услугите на Катастарот.

„Оваа мерка значи намалување на трошоците на граѓаните и компаниите и овозможува побрзо, поефикасно и навремено обезбедување на услугите. Во новите тарифници за услугите, за потенцирање е големото намалување на надоместоците кои изнесуваат и до 90 проценти. Надоместокот за запишување на инфраструктурни објекти, е намален во просек за 90%“, истакна Тунџев.

Тој додава дека при запишување на недвижности во Катастарот, цените се намалени во просек за 51%.

„Надоместок за користење на податоците од Геодетско катастарскиот информа-ционен систем е намален во просек за 28%. За запишувањата на правата по основa на доградби, надградби и легализирање на бесправно изградени објекти, предбележувањето и уписот на згради и други објекти надоместокот е намален за 20 отсто. Намален е и надоместокот за промена на култура за 38%, за да се стимулираат земјоделците, да ги променат културите на земјиштето во имотните листи, за да се олесни процесот за добивање на субвенции. Извршено е намалување од 90 проценти за објектите со волуменска зафатнина со што  се стимулираат винарскиот сектор и мелничката индустрија да ги запишат големиот број на нерегистрирани силоси и резервоари. Таму надоместокот беше 10 денари, а сега е еден денар за м3“, посочи Тунџев.

Тунџев порачува дека за 28 отсто се намалени услугите што ги нуди Катастарот за издавање  податоци од геодетските планови како етажни скици и копии од катастарските аналогни планови, како и дека е укината двојната наплата при повторното доставување пријава, ако претходната пријава за иста недвижност билa одбиена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e