Трошановски: Идејата за Мал Шенген може да биде надополнување на преговарачката методологија

Идејата за Мал Шенген што произлезе од декларацијата за намери потпишана од премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, по ветото што го стави францускиот претседател Емануел Макрон за стартот на преговорите на Скопје и Тирана со ЕУ, аналитичарите ја оценуваат како добра идеја, но само доколку е надополнување на преговарачкиот процес, а никако замена на интеграцијата во ЕУ.

За директорот на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Марко Трошановски, идејата за Мал Шенген не е нова, а секогаш се доживувала како замена за проширувањето. Според него, сите форми и модалитети на соработка се дојдени, а на оваа вели, може да се гледа како на надополнување на преговарачката методологија.

-Не би требало да се гледа на тоа црно-бело. Сите форми и модалитети на соработка кои овоможуваат поврзување и регионална соработка се добредојдени. Мобилност на пазарот на труд, бесцаринска трговска размена, инфраструктурано поврзување и заеднички настап на пазарите може да донесе само нова вредност во регионот, но и подобар партнер и попосакувани идни членки на ЕУ. Во конктекст на проширувањето ова може да биде надополнување на преговарачката методологија. Јасно е дека во ЕУ ни од далеку не постои консензус за друга алтернатива на проширувањето и оттука во контекст на тековните дебати околу новата методологија, ваквото поврзување само ќе ја подобри спремноста на регионот за интеграција во идната архитектура на ЕУ каква и да е таа. Очекувам дека Европа во повеќе брзини е насоката во која ќе се размислува, но тоа ќе биде долг процес и за нас е неприфатливо да го чекаме да заврши па потоа да почнеме преговори. Тоа ќе го турне целиот регион, како што и веќе почна да прави, во спирала на квази демократии, нестабилност и економско назадување.  Во крајна линија без намалување на јазот во приходите, дури и со членство во ЕУ само ќе се забрза депопулацијата на регионот, истакнува Трошановски.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека идејата не е лоша, но нагласува, од ЕУ треба да се побара да се обврзе дека нема да подигне уште поголем ѕид помеѓу неа и Балканот.

Џелал Незири од Центарот за истражувачко новинарство – СКУП, од Скопје, исто така, категоричен дека е ова многу добра иницијатива, но не може да биде замена за интегрирање во Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e