Трол фарми од Северна Македонија и од Филипините објавувале дезинформации за коронавирусот

Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради користење т.н. Трол-фарми од Северна Македонија и Филипините, соопшти Фејсбук.

Издавачот „Natural News“ беше една од најплодните „туркачи“ на вирусното видео за заговор „Plandemic“, кое лажно тврдеше дека коронавирусот е дел од сложен владин заговор за контрола на населението преку вакцини и погрешно тврдеше дека со носење маска се зголемува ризик од зараза со новиот коронавирус.

Фејсбук соопшти дека пронашле странски тролови кои постојано објавувале содржини од „Natural News“, веб-страница за борба против вакцинирање, која често објавува лажни теории на заговор за коронавирусот за 5G и Бил Гејтс. Тие, исто така, објавија содржини од сестринските веб-страници на – „NewsTarget“ и „Brighteon“, во обид вештачки да ја зголемат својота посетеност.

„Ги отстранивме овие страници за спам и несоодветно однесување, а не за содржините што ги објавија. Тие ги доведоа во заблуда луѓето за популарноста на своите објавувања и се потпираа на „фарми за содржини“ во Северна Македонија и Филипините“, се вели во соопштението на Фејсбук.

Од Фејсбук соопштија дека акциите се дел од рутинско спроведување против спам-мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e