ТРИПУНОВСКИ НЕ ОДГОВОРИ СО “ДА ИЛИ НЕ” ДАЛИ ЌЕ БИДЕ СМЕНЕТ. Дали по катастрофалната состојба во аграрот, земјоделците ќе добијат нов министер?

Во вчерашното гостување во “Тема на денот” на телевизија Сител, на прашање од новинарот до Трипуновски дали знае дека во најавената реконструкција на владата се споменува и неговото име дека ќе биде сменет од позицијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, актуелниот министер се обиде да го заобиколи прашањето и не даде точен одговор, туку само изјави дека одлуката за состав на владиниот кабинет ја носи премиерот, со што остави простор за дополнителни шпекулации дека после корупциските скандали и катастрофалната состојба во земјоделството, сепак во овој ресор владата и премиерот ќе мора да назначат друг кадар.

Смена на Трипуновски, освен од опозицијата, секојдневно бараат и земјоделците кои своето огромно разочарување го изразуваат преку социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e