ТРИПУНОВСКИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ СО ВИСТИНАТА, но земјоделците ги паметат тешките 10 години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ!

На дополнителниот заменик-министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, целата кариера му помина зборувајќи во идно време.

Затоа што нема полесна работа на светот од тоа постојано да изустуваш “ќе”, “ќе”, “ќе”…

За тоа всушност не е потребно ни знаење, ни труд, ни визија.

Ама земјоделецот ниту живеел, ниту може да живее од “ќе”.

Ете, од годинава ќе започнела нова ера за земјоделците.

Десетици години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, паметат земјоделците кога беа угнетувани, уценувани и притискани.

Десетици години паметат земјоделците кога беа безнадежни и оставени сами на себе.

Десетици години паметат земјоделците кога коленичеа и молеа за своите пари.

Десетици години паметат земјоделците кога ги делеа на подобни и неподобни.

Десетици  години паметат земјоделците кога никој немаше слух за нивните проблеми, кога зборовите “дијалог” и ”партнерство” ги немаше во речникот на тогашната власт.

Ама денес, зборуваме со факти и зборуваме во сегашно време:

-субвенциите за првпат се исплаќаат авансно;

-бележиме раст кај откупните цени на скоро сите земјоделски производи;

-регионални лидери сме во спроведувањето на ИПАРД;

-имаме инклузивно земјоделство за пример во кое има еднаков и рамноправен пристап за сите;

-малите винарии доживуваат експанзија;

трудот на малите производители на храна конечно се валидира и добиваат статус каков што заслужуваат;

– поддршката за зелена нафта достигна 100% што значи дека земјоделците добиваат целосно бесплатна нафта;

-македонските вина се светски бренд во рангот на најдобрите…

Новата ера е веќе започната, а резултатите се видливи на терен и тоа во сегашно време.

Со вистината не можете да се помирите, затоа што успехот не се простува!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e