Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија се воспоставени на 17 март 1992 година.
Билатерална договорна рамка:
Склучени договори предмет на ратификација
„Спогодба меѓуРепублика Македонија и Република Словенија за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете држави“
склучена во Скопје, на 17 март 1992 година.
во сила од 29 мај 1992 година
„Спогодба за стопанска соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија“
склучена во Љубљана, на 25 февруари 1992 година.
во сила од 29 мај 1992 година
2-а) „Спогодба за измена на Спогодбата за стопанска соработка помеѓу Република Македонија и Република Словенија“
склучена во Љубљана, на 17 ноември 2005 година.
во сила од 14 февруари 2007 година
„Спогодба за плаќање меѓу Република Македонија и Република Словенија“
склучена во Љубљана, на 25 февруари 1992 година.
во сила од 29 мај 1992 година
„Спогодба за соработка во образованието, културата и науката меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија“
склучена во Љубљана, на 8 јули 1993 година.
во сила од 14 мај 1997 година
„Спогодба за научна и технолошка соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија“
склучена во Скопје, на 24 декември 1993 година.
во сила од 28 август 1995 година
„Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за меѓународен патен превоз на патници и стока“
склучена на 17 јануари 1996 година.
во сила од 1мај 1999 година
„Договор меѓу Република Македонија и Република Словенија за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети“
склучен на 6 февруари 1996 година.
во сила од 5 септември 1997 година
„Договор меѓу РепубликаМакедонија и Република Словенија за правна помош во граѓанските и кривичните предмети“
склучен на 6 февруари 1996 година.
во сила од 5 септември 1997 година
„Договор меѓу Република Македонија и Република Словенија за предавање“
склучен на 6 февруари 1996 година.
во сила од 5 септември 1997 година
„Договор меѓу Република Македонија и Република Словенија за заемна заштита и поттикнување на инвестициите “
склучен на 5 јуни 1996 година.
во сила од 21 септември 1999 година
„Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за соработка во областа на заштитата на растенијата“
склучен во Скопје, на 15 декември 1997 година.
во сила од 6 август 1999 година
„Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за соработка на полето на ветеринарната медицина“
склучен во Скопје, на 15 декември 1997 година.
во сила од 6 август 1999 година
„Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за враќање на лица чие влегување и/или престој е во спротивност со важечките прописи“
склучен во Љубљана, на 27 јануари 1998 година
во сила од 1 февруари 1999 година
„Спогодба меѓу Република Македонија и Република Словенија за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал“
склучена во Скопје, на 15 мај 1998 година
во сила од 20 септември 1999 година
„Договор меѓу Република Македонија и Република Словенија за уредување на меѓусебните имотно-правни односи“
склучен во Љубљана, на 13 јули 1998 година
во сила од 23 ноември 1999 година
„Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за заемна соработка по царинските работи“
склучен во Љубљана, на 24 мај 2000 година.
во сила од на 1 мај 2001 година
„Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија во областа на јавните финансии“
склучен во Љубљана, на 04 април 2003 година.
во сила од 25 ноември 2011 година
„Спогодба за развојна соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија“
склучена во Скопје, на 10 јуни 2004 година
во сила од 10 јули 2006 година
„Спогодба за измена на Спогодбата за стопанска соработка помеѓу Република Македонија и Република Словенија“
склучена во Љубљана, на 17 ноември 2005 година
во сила од 14 февруари 2007 година
„Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за соработка во областа на здравството и медицината“
склучена во Скопје на 27 февруари 2007 година.
во сила од 18 април 2008 година
„Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за меѓудржавни посвојувања“
склучен во Скопје на 27 февруари 2007 година
во сила од 27 декември 2007 година
„Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за вработување на сезонски работници“
склучен во Скопје на 27 февруари 2007 година
во сила од 19 мај 2008 година
„Спогодба меѓу Владата на Република Македонија Владата на Република Словенија за размената и заемната заштита на класифицирани информации“
склучена во Скопје на 31 март 2010 година.
во сила од 1 јануари 2011 година
„Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за соработка на полето на заштитата од природни и други несреќи“
склучена во Загреб на 14 октомври 2010 година.
во сила од 12 декември 2012 година
„Договор за изменување и дополнување на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Словенија“,
склучена во Љубљана на 30 јануари 2014 година
во сила на 15 февруари 2019 година
„Спогодба за изменување на Административната спогодба за спроведување на Договоротза социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Словенија“
склучена во Љубљана на 30 јануари 2014 година.
во сила на 15 февруари 2019 година
„Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за полициска соработка“
склучен во Будва, Црна Гора на 16 Април 2015 година
стапил во сила на 1 јануари 2016 година
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
„Рамковен Договор за соработка меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Република Словенија“
склучен во Скопје, на 11 јули 1994 година
во сила од 2 март 2007 година
„Протокол меѓу Министерството за образование и физичка култура на Република Македонија и Министерството за школство и спорт на Република Словенија за соработка во образованието и спортот во учебните 1996/1997 год. и 1997/1998 год.“
склучен во Скопје, на 5 јуни 1996 година
„Протокол за соработка во областа на заштитата на животната средина и на уредувањето на просторот помеѓу Министерството за урбанизам, градежништво и заштита на животна средина на Република Македонија и Министерство за околина и простор на Република Словенија“
склучен во Скопје, на 5 јуни 1996 година
„Протокол за соработка во областа на културата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија“
склучена на 30 март 1995 година
во сила од 10 мај 1995 година
„Меморандум за разбирање при размена на информации и заемна помош поврзана со прашањата на суперревизија на пазарот на хартии од вредност меѓу Комисијата за хартии од вредност на Република Македонијаи Агенцијата за пазар и хартии од вредност на Република Словенија“
склучен во Љубљана на 15 февруари 2002 година
„Договор за соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Министерството за труд семејство и социјални работи на Република Словенија “
склучен на 2 април 2003 година
во сила од 11 мај 2007 година
„Меморандум за разбирање и соработка во областа на деминирањето и помош на жртвите од мини помеѓу Република Словенија – меѓународен фонд за деминирање и помош на жртвите од мини – ИТФ и Република Македонија – Дирекција за заштита и спасување“
склучен на 31 август 2006 година
„Договор меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Словенија за помош од словенечките дипломатски и конзуларни претставништва за државјаните на Република Македонија “
склучен во Скопје, на 19 јануари 2007 година
„Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Словенија за помош во процесот на интеграција во ЕУ“
склучен во Љубљана, на 06 јуни 2007 година
„Договор за соработка помеѓу Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија и Заводот за интелектуална сопственост на Република Словенија“
склучен во Скопје, на 16 ноември 2007 година
„Протокол од дванаесеттото заседание на заедничкиот одбор за научна и технолошка соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија“
склучен во Љубљана, на 16 февруари 2007 година
„Меморандум за соработка помеѓу Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и Службата на Владата на Република Словенија за локална самоуправа и регионална политика “
склучен во Скопје, на 16 јули 2009 година
во сила од 29 ноември 2010 година
„Меморандум за правна и судска соработка помеѓу Министерството за правда на Република Македонија и Министерството за правосудство на Република Словенија“
склучен во Скопје, на 09 декември 2009 година
„Меморандум за разбирање помеѓу Македонската Дирекција за радијациона сигурност и Словенечката администрација за нуклеарна сигурност за размена на информации по прашања од нуклеарна и радијациона сигурност“
склучен во Виена на 20 септември 2010 година
„Програма за соработка во областа на културата и уметноста меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Словенија за 2010-2013“
склучен во Скопје на 24 септември 2010 година
„Протокол меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за високо образование, наука и технологија на Република Словенија, Министерството за образование и спорт на Република Словенија за соработка во областа на образованието“
склучен во Љубљана, на 15 февруари 2011 година
во сила од 22 јуни 2011 година
„Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за обавување приходни дејности на издржуваните членови на семејствата на дипломатскиот персонал “
склучен во Љубљана на 25 мај 2012 година.
во сила од 27 декември 2012 година
„Меморандум за меѓународна развојна соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија за 2012 година“
склучен во Скопје, на 3 јули 2012 година (СЕП – проекти)
„Меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и Министерството за инфраструктура и просторно планирање, Геодетската управа на Република Словенија“
склучен во Љубљана, на 26 септември 2012 година
„Меморандум за меѓународна развојна соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија за период 2013-2015“
склучен во Брдо-Крањ, на 25 јули 2013 година
„Меморандум за разбирање помеѓу СИД-Прва Кредитна Заваровалница д.д. Љубљана и Македонската банка за поддршка на развојот“
склучен на 19.09.2013 година
„Меморандум за соработка во областа на спортот меѓу Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија“
склучен во Љубљана на 13 ноември 2013 година.
„Меморандум за соработка меѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија и Агенцијата за јавен надзор на ревизијата на Република Словенија“
склучен во Љубљана на 15.07.2015 година
„Меморандум за соработка меѓу Централен регистар на Република Македонија и Агенцијата на Република Словенија за јавна правна евиденција и други услуги“
склучен во Скопје на 14.10. .2016 година
склучен во Љубљана на 17.10. .2016 година
„Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Република Словенија“
склучен година во Скопје на 29 август 2018