Три нови авио-линии на „WizzAir“ до Милано, Неапол и Будимпешта

Од 29-ти и 30-ти март, Виз ер воведува 3 нови авиолинии до Милано, Неапол и Будимпешта. Мрежата на авиолинии на скопскиот аеродром се проширува со вкупно 6 нови дестинации, додека на охридскиот аеродром – со 4 нови дестинации.
Летниот распоред на летови од двата македонски аеродроми управувани од ТАВ Македонија, почнува престојниов викенд – во недела на 29 март и со него ќе има вкупно 10 нови дестинации – 6 нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје: Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун, како и 4 нови авиолинии од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид – Милано, Виена, Вроцлав, Катовице.
„Сите 10 нови авиолинии што ќе бидат воведени со летниот распоред на летови на аеродромите во Скопје и во Охрид оваа година, претставуваат значаен чекор напред кон проширување на мрежата на дестинации. Тоа ќе овозможи подобра поврзаност на земјата со нови атрактивни градови, ќе отвори нови можности за туристички патувања за нашите ценети патници возаминување, места кои беа многу барани и потребни, но во исто време ќе придонесе за дојдовниот туризам со тоа тоа што странски туристи ќе доаѓаат во Македонија, преку Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Сезоната почнува со воведувањето на новата линија Милано – Охрид оваа недела на 29 март. Потоа, во понеделник, на 30 март, ќе почнат новите летови од Скопје до Неапол, а летовите од Скопје до Будимпешта ќе се вратат на редовниот распоред на летови. Уверен сум дека сите нови дестинации ќе создадат голем интерес кај патниците и ќе придонесат за континуитет на двоцифрениот пораст на патничкиот сообраќај што го бележиме од почетокот на 2026 година на двата македонски аеродроми “, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
На 29 март, недела, Виз eр ја воведува новата линија Милано – Охрид, додека на 30 март авиокомпанијата ќе почне да лета од Скопје до Неапол, како нова атрактивна дестинација во Италија, истовремено враќајќи ја редовната линија од нашиот главен град до главниот град на Унгарија – Будимпешта. Од 2 и 3 јуни, Анадолија џет ќе го поврзе скопскиот аеродромот со Трабзон и Самсун, додека од 15 и 18 јули, Виз ер ќе го поврзе главниот град на Македонија со Палермо (Сицилија) и Алгеро (Сардинија).
Превземено: Бизнисвести

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e