Три години затвор, забрана за работа и парична казна за Марјан-Доказ

Три години и еден месец затвор за сопственикот на порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски. Преку својот портал злоупотребил и лични податоци за што ќе треба да плати парична казна од 5.000 евра, односно 250 дневни глоби. Судот му забрани вршење на дејноста, т.е. во наредните 10 години нема право да регистрира домеин.

Судењето почна на 7ми март, а против Стаменковски покренати се неколку обвиненија по повеќе кривични дела. Тој е обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци. Предметот за него во Основното јавно обвинителство Скопје беше оформен по поднесени кривични пријави против Стаменковски од повеќе лица во текот на минатата и почетокот на оваа година… Стаменковски беше приведен на 9 февруари годинава и му беше одреден притвор, а во неговиот дом имаше претрес и беа одземени документација, мобилни телефони и други електронски уреди, како и поголема сума на пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e