Три години затвор за возачот кој ја прегази Викторија кај Сити мол

Пресудата денеска ја изрече судијката Љубинка Бошевска од Основниот кривичен суд во Скопје откако обвинетиот на претходното рочиште призна вина и рече дека се кае
Јордан Ѓогрѓиев, обвинет за сообраќајката несреќа кај „Сити мол“, во која загина 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, доби три години затвор.

Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје за висината на казната.

При изрекувањето, судијката Љубинка Башевска изрази длабоко сочувство до членовите на семејството на жртвата кои не беа лично присутни на изрекувањето на казната.

Покрај затворската казна, тој доби и забрана за управување моторно бозило од Б категорија во период од три години од правосилноста на пресудата.

Ѓорѓиев се гонеше за делото тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Пресудата денеска беше изречена во Основниот кривичен суд во Скопје откако обвинетиот на претходното рочиште на 6 април 2022 година, призна вина.

„Се чувствувам виновен и многу се каам за стореното дело. Признанието го давам свесно, без никакви уцени и свесен сум за последиците од истото“,

рече Ѓорѓиев минатата недела.

Тогаш неговиот адвокат, Душко Јанковиќ, во завршните зборови посочи дека предвид треба да се земе психолошката состојба и каењето на Јордан, кој примал лекови уште од денот кога се случила несреќата.

Адвокатите на семејството Николови, пак, побараа судот да има нулта толеранција и да се земат предвид фактичката состојба и очигледните сообраќајни прекршоци.

Сообраќајката се случи на 20 јануари годинава, а во неа беше повредено и едно момче, кое било во друштво на загинатата Викторија Николова.

По спроведена истрага, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, соопшти дека во моментот на несреќата семафорите биле исклучени, а момчето не застанало на пешачкиот премин и не обратило внимание на пешаците на коловозот, иако бил должно да го стори тоа. Брзината со која возело била 67,3 километри на час што е за 17,3 повеќе од максимално дозволените 50 километри на час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e