На предлог на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, Извршниот одбор на СДСМ на денешната трета седница, за нова координаторка на Форумот на жени ја избра Јована Тренчевска, соопштија од СДСМ.
Трeнчевска е една од основачките на Форумот на жени на СДСМ и актуелна министерка за труд и социјална политика.
„Во името на сите членови на СДСМ ѝ се заблогаруваме на досегашната претседателка Снежана Калеска Ванчева за досегашниот ангажман и значаен придонес“, се заблагодарија од СДСМ во соопштението објавено на нивната страница на Фејсбук.