Трајче Ангеловски нов директор на „Аеродроми на Република Северна Македонија“

На предлог владината Комисија за именувања, Владата на денешната седница ги донесе следните одлуки:

Владата на Република Северна Македонија се информираше за оставката на Виктор Петрушевски од должноста член на Управниот одбор на АД  за аеродромски услуги „Аеродроми на Република Северна Македонија“ во државна сопственост и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на друштвото за член на Управниот одбор да го избере Трајче Ангеловски.

– Александар Ранѓеловиќ, да го отповика од должноста член на Надзорниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје, а за член на Надзорниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје да го избере Ѓоко Илиевски предложен од синдикалната организација.

– Владата ја отповика Верица Узунова од должноста член на Надзорен одбор на АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, а за член ја избира Слаѓана Богдановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e