Трајан на Фејсбук: Што да го прашам Цветан на дебата? – Прашај го зошто не кажува здраво и добар ден во ходник

Вечерва на ТВ 24 во 20:45 ќе дебатираат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и неговиот дополнителен заменик министер, Цветан Трипуновски.

Министерот Димковски на фејсбук постави прашање до неговите пријатели, што да го прашал вечерва Цветан. На тоа доби многу интересни предлози:

-Прашај го зошто не кажува здраво и добар ден по ходници🤣

-Прашај го, како директор на инспекторат, колку договори за концесија има раскинато на членови на ВМРО?

-колку плацеви за 1 евро м2 купил во Петровец?

-Како го организираа протестот на лозарите

-Дали знае што е тоа полски воден капацитет.

-Не да го прашаш , туку кажи му во очи дирекно дека никогаш , ама баш никогаш нема да бидат власт во Р.С.Македонија .

-Како зборува за право и правдина, кога против него има кривична пријава за злоупотреба на службена должност, со што го оштетил министерството за 117000 евра?

-Колку милиони ИПАРД пропаднаа заради нивната неспособност? , се само дел од предложените прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e