Тројца Македонци и еден Италијанец, загинаа во тешка сообраќајна незгода во Италија, пренесуваат италијанските медиуми.
„Во раните утрински часови започна разјаснувањето за драматичната несреќа која ги чинеше живот четирите лица, млад Италијанец и тројца Македонци“, пишуваат медиумите.
Според досегашните информации македонските државјани имале околу 30 години.
Динамиката на страотниот судар се уште ја испитува сообраќајната полиција во регионот Асти.
