Трагедија во Дебарца: Еден загинат и двајца повредени при пожар

Од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид известија дека денеска во раните утрински часови интервенирале на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза, во село Требеништа – Општина Дебарца.

При интервенцијата извлечени биле две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен, велат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид.

Во истиот објект пронајдено било и едно починато лице, додаваат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e