Топло, но ќе има и снег – Временска прогноза за ноември

Месецот ноември ќе започне со променливо време и температури над просекот за овој период, но ќе заврши со вистински зимски услови и можен снег во делови од земјата.

Потопол почеток на месецот
До средината на првата декада, времето ќе биде претежно стабилно со сончеви периоди и умерени температури. Максималните дневни температури ќе се движат од 15 до 18 степени, додека минималните ќе бидат меѓу 5 и 9 степени. Повремени врнежи се очекуваат околу 7 и 8 ноември, но без поголеми количини на дожд.

Средина на месецот со повеќе облаци и врнежи
Од 10 до 20 ноември, прогнозата најавува повремени врнежи од дожд, пониски температури и повеќе облачни денови. Дневните температури ќе се движат од 9 до 16 степени, а ноќните ќе паднат и до 1 степен Целзиусов. Најстудени денови во овој период ќе бидат 19 и 20 ноември, кога максималната температура ќе се спушти до 7 степени.

Премин кон зимско време
Кон крајот на месецот, од 22 ноември, се очекува значително заладување, со дневни температури меѓу 5 и 9 степени и ноќни температури под нулата. Можно е појавување на првиот снег, особено на 22 и 23 ноември, како и повторно на 5 и 6 декември, според долгорочната прогноза.

Декември ќе почне студено
Последните денови од ноември и првите од декември ќе донесат стабилно, но студено време, со утрински мразови и температури до -4 степени, а дневните ќе се движат околу 3–6 степени.

Според метеоролозите, ноември ќе биде просечно влажeн, но со потопол почеток и студен завршеток, што најавува рана зима со први снежни врнежи во планинските и повисоките региони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e