„Зелена Лупа“ е граѓанска асоцијација која се залага за владеење на правото, интегритет и функционалност на институциите и во борбата против корупцијата.
Нивната визија е дека Република Северна Македонија може да биде пристојно место за живеење, каде што секој граѓанин на оваа земја ќе се чувствува фер и без дискриминација по било која основа. Земја со силни и независни институции кои ќе работат според законот, неселективно и фер. Без оглед на тоа која институција, секој граѓанин го има истиот третман, клиентелизмот и корупцијата треба да се сведат на минимум. – порачуваат од здружението.
За конкретните активности и цели порталот Стандард разговараше со првиот човек на „Зелена лупа“ Васко Тодоровски.
Сведоци сме на бројни недоследности во однос на судењата по бројни случаи кои се интересни за јавноста? Зошто судските рочишта се одолвлекуваат и/или се враќаат на почеток?
Во нашава држава стана пракса да имаме долготрајни судски постапки уште од нашето осамостојување, а тоа е нотирано и од страна на судот за човекови права во Стразбург. Резултат на ваквата појава меѓу другото е и пренатрупаноста на судовите со банални предмети, немање доволно персонал, неажурност на судиите и судските службеници, неадекватен закон за судови со недоволно дисциплински и казнени одредби, недоволно финансиски средства и др.
Меѓутоа, ако се мисли на судските случаи што ги водеше СЈО а сега ЈО ситуацијата е поинаква.Сите овие постапки се водат против лица кои беа обвинете како резултат на прислушуваните разговори. Према тоа што го слушнавме во тие разговори, секој нормален човек може да сфати дека се работи за голем број на тешки кривични дела направени од страна на функционери на поранешната владеачка гарнитура со што се стекнаа со голем капитал на криминален начин.Тие осудени лица за да си ја откупат слободата се спремни да дадат голем дел од украдените пари. Одамне е познато дека постои криминална мрежа меѓу адвокати-судии –обвинители, а на адвокатите на обвинетите воопшто не им преставува проблем да ги одлагаат процесите до степен истите да мора да почнат од самиот почеток. Случајот на отпочнување на постапката од самиот почеток поради откажување на судија поротник од предметот е повејќе комичен одошто трагичен ако се знае дека судиите поротници со дневници од 260 денари се само фигури во судските предмети.
Целото интервју прочитајте го на следниов ЛИНК.