Австриската полиција уапсила 18-годишник со потекло од Македонија осомничен за планирање терористички напад. Се верува дека тинејџерот е поддржувач на исламистичката терористичка организација Исламска држава (ИД). Според пишувањата на австриските медиуми, лицето веќе истражувало планови за напади против западното општество, објави во вторникот Управата на покраинската полиција во Австрија.
Истрагата е покрената по дојава од странство. Според информации, младиот човек пребарувал на интернет информации за изработка на бомби и можни сценарија за напади. Тинејџерот со македонско потекло е роден во покраината Штаерска.
Обвинителството во Леобен наредило итно апсење поради основано сомнение дека планирал терористички чин.
По сослушувањето, 18-годишникот бил префрлен во притворското одделение во Леобен.