Тепачка во парк во Скопје заврши со смрт – пиеле заедно, па се степале

Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против двајца мажи на возраст од 44 и 46 години, осомничени за кривичното дело „Тешка телесна повреда“ согласно член 131 од Кривичниот законик.

Според официјалните информации, инцидентот се случил вечерта на 10 септември во паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје. Осомничените заедно со жртвата консумирале алкохол, по што вербалната расправија меѓу нив преминала во насилство. Двајцата, користејќи тупаници и клоци, му нанеле тешки повреди на нападнатиот.

Повикувајќи се на податоците од истрагата, жртвата била веднаш пренесена во болничка установа, но по два дена им подлегнала на повредите.

Поради сериозноста на делото и опасноста осомничените да побегнат, обвинителството до Основниот кривичен суд – Скопје доставило предлог за определување мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e