Времето утре претпладне особено на север и на исток ќе биде променливо облачно, а ќе преовладува сончево време. Наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои од повисоките места ќе се спуштат и до 0 степени. По утрешните пониски дневни температури, во петок и за викендот дневната температура брзо ќе се покачи.