Владимир Валеров постои е и полицаец, потврдуваат извори од МВР за Телма. Двојниот идентитет екс началникот на петтата управа, Горан Грујовски го украл од негов колега, па сега постојат двајца, еден вистински и еден лажен.
Пасош со име и презиме, Владимир Валеров, но со слика на Горан Грујевски е изработен во МВР и тој со него патувал во Бугарија пред одредувањето на притворот, брифираат за Телма извори од истрагата. Не е ислучено да ја напуштил државата за да обезбеди логистика за бегство, велат извори од УБК.
Сега се проверува дали издавањето на двојниот пасош е оправдано, каде според законот нов идентитет и пасош може да се даде на лице само ако е на тајна задача, но кога акцијата ќе заврши ќе мора да се врати и пасошот и идентитетот да се поништи.
Извор: Телма