ТАВ и министерот Сугарески го пречекаа првиот лет на Катар ервејс од Доха до Скопје

Првиот редовен, директен, лет од Доха до Скопје денеска слета на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Новата рута до главниот град на Република Македонија ќе биде опслужувана четири дена неделно со воздухоплов „Ербас А320“, што има 12 седишта во бизнис и 132 во економската класа.

20023899_1596600277018761_1752245209521528839_o

Патниците од Доха беа пречекани со воден мост и традиционална македонска закуска. Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој, придружуван од Министерот за траспорт и врски Горан Сугарески и амбасадорот на Катар во Македонија, Хасан Бин Абдула Заид Ал Махмуд, на црвен тепих ги пречекаа и поздравија – Ехаб Амин, Главниот комерцијален директор на „Катар ервејс“ и Вукица Кртолица Поповска, македонскиот амбасадор во Катар, кои пристигнаа со првиот лет од Доха, по што сите заедно пресекоа торта во чест на отворањето на новата дестинација.

20229468_1596604240351698_2249492071884484125_o

20045405_1596602250351897_6378691024930929467_o

Извршниот директор на „Катар ервејс груп“, Акбар Ал Бакер изјави: „Ова лето е навистина исполнето за „Катар ервејс“, како што тече нашата експанзија во источна Европа. Нашата нова четиридневна услуга до Скопје е долгоочекуван додадок на нашата глобална мрежа на рути. Таа ќе ни овозможи да ги поврземе и бизнис-патниците и туристичките патници до и од Република Македонија. Со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на патниците на летовите за овој одушевувачки град“.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој, изјави: „Огромно е нашето задоволство од пречекот на првиот лет Доха-Скопје-Доха, авиолинија која ќе биде опслужувана четири пати неделно, како и од влезот на „Катар ервејс“ на македонскиот пазар, како еден од најценетите брендови меѓу авиокомпаниите во светски рамки. Доха ќе биде многу атрактивна нова дестинација за македонските граѓани, за туристички патувања, како и за бизнис-посети, и ќе ги поврзе со 150 дополнителни дестинации во светот“.

Скопје е порта до земја со драматични пејсажи, што вклучуваат прекрасни езера, планини и шармантни историски градови. Посетителите во Скопје можат да откријат маала од отоманската ера, да купуваат во Старата скопска чаршија или да го посетат езерскиот град Охрид и неговиот живописен замок. Патниците кои сакаат да го доживеат уникатниот културен и космополитски микс на градот ќе можат да ги купат своите билети на новата интернет-страница на „Катар ервејс“ или од мобилната апликација.

Македонија е центар за металопреработувачка, хемиска, дрвна, текстилна, кожна и печатарска индустрија и е вброена меѓу топ 10-те економии во светот за водење бизнис. Отворањето на новата рута до Скопје од наградуваната авиокомпанија ќе им помогне на претставниците на македонската бизнис-заедница да се поврзат со своите партнери во повеќе од 150 дестинации ширум светот.

20116864_1596601760351946_6339369241133671450_o

Дополнително, почетокот на воздушната карго услуга на „Катар ервејс карго“ до скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ ќе го поттикне растот на воздушната трговска размена на Република Македонија, со тоа што земјата ќе ја поврзе со главните увозници во североисточна Азија преку врвниот центар што авиокомпанијата го има во Доха. Новиот Центар за климатска контрола на карго-превозникот уште повеќе ги подобрува беспрекорните решенија на ладен ланец и нуди перфектни транзитни услуги што ќе го поддржат извозот на свежо овошје и зеленчук од Скопје.
Првата услуга на авиокомпанијата од Република Македонија ќе им овозможи на македонските патници полесен пристап до Австралија, каде што живеат повеќе од 200.000 граѓани со македонско потекло.

20121375_1596603927018396_6196967595582956477_o

„Катар ервејс“ забрзано ја продолжува својата експанзија во Источна Европа, со услугите во Прага, Чешка, Сараево, Босна и Херцеговина и Киев, Украина, кои што ќе почнат до крајот на август.

„Катар ервејс“, националниот авиопревозник на државата Катар, е еден од најбрзо растечките авиопревозници, со една од најмладите флоти во светот. Во дваесетата година од своите операции, „Катар ервејс“ има модерна флота од 200 воздухоплови кои што летаат до бизнис и туристички дестинации на шест континенти.

Во првите шест месеци од 2017 година, „ТАВ Македонија“ оствари пораст на бројот на патници од шест проценти споредено со истиот период лани. На двата македонски аеродрома, од јануари до јуни, минале 860.130 патници. Со додавањето на новата рута Скопје-Доха на „Катар ервејс“, како и дополнителните дестинации и фреквенции на постоечките рути неодамна отпочнати на скопскиот аеродром, „ТАВ Македонија“ очекува уште повисока стапка на пораст на авиосообраќајот во втората половина од годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e