Татко и две ќерки од Жидилово во осумдневен притвор по инцидентот со кравите

По полициска акција спроведена во селото Трново, Крива Паланка, на татко и неговите две ќерки од селото Жидилово им е одреден осумдневен притвор. Мерката следи по серија инциденти поврзани со нивното огромно стадо, повеќе од 500 крави, кое, според локалните жители и обвинителството, подолг период предизвикувало немир и штети во околината.

Според информациите од МВР, приведувањето било извршено на 2 декември околу 16 часот, на локација викана „Самоков“. Лицата Г.Ѓ. (57) и неговите ќерки А.Ѓ. (30) и А.Ѓ. (22) биле лишени од слобода од полицијата во Крива Паланка.

Јавниот обвинител веднаш поднел барање за притвор, образложувајќи дека постои опасност семејството да се обиде да избегне одговорност или повторно да го изврши делото. Од обвинителството дополнуваат дека однесувањето на семејството со месеци претставувало континуирано малтретирање на соселаните, и покрај честите интервенции на институциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e