Во рамки на меѓународната агенда на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, која започна денес, директорот на БЈБ Саше Тасевски заедно со Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија г-дин Оливер Спасовски го посетија Оперативниот координативен центар на Граничната Полиција на Министерството за внатрешни работи на Република Романија каде присуствувавме на кратка презентација која беше реализирана од страна на колегите од Романија.
Исто така, во Министерството за внатрешни работи на Република Романија имавме средба со романскиот Министер за внатрешни работи г-дин Лучијан Никола Боде, како и со Директорот на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК, г-дин Огуз Серкант АКИН, а во рамки посетата на седиштето на СЕЛЕК во Букурешт, истакна Тасевски.
„На средбите ја потенциравме досегашната одлична соработка, како и значајноста на Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа како оперативна организација која ја олеснува брзата размена на информации меѓу агенциите за спроведување на законот од земјите членки во областите на прекуграничен криминал“, посочи Тасевски.