Во првите две години од мандатот на Владата предводена од СДСМ реализирани се бројни мерки и проекти со кои ја унапредуваме детската заштита и ги подобруваме условите за детски развој и работа на воспитувачкиот кадар.
За две години изградени се 23 градинки. – потенцираше на прес конференција Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.
Куманово, Валандово, Конче, Пласница, Чашка, Центар, Пробиштип, Карпош се дел од општините кои добија нови градинки во изминатите две години, а до крајот на годината ќе профункционираат 13 нови градинки.
Буџетот за изградба, адаптација и опремување на градинки за 2019 година е зголемен за 300 отсто, инвестираме и во објекти и во програми.
Нашата цел е за 4 години да го зголемиме опфатот на деца во градинките за 50%.Секое дете ни е важно.
Покрај изградбата на нови и проширување на постоечкиот капацитет, постојано се вложува во зајакнување на капацитетите и подобрување на условите за работа на кадарот во градинките.
За 75% го намаливме бројот на деца сместени во институции. Сите деца од специјалниот завод Демир Капија и од установите „25 Мај и 11 Октомври веќе живеат во мали групни домови или згрижувачки семејства.
За само една година, реализирани се 1.000 вработувања во градинките, а од нив дури 900 се на неопределено време со што се обезедува сигурност и стабилност на работното место.
Платите за вработените во градинките ги зголемивме за 5 отсто и ќе продолжат да растат.
Почитувани,
Во изминатите две години покажавме како се работи одговорно, домаќински и во интерес на граѓаните.
Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат уанпредување на детската заштита, нови работни места и повеќе пари за граѓаните. – порачуваат од владејачката СДСМ.