Тарчуловски за „Фокус“ вели дека тој не се пријавил на партискиот повик за кандидати за градоначалници кој бил пред три месеци, но слушнал дека неговото име фигурира на анкети за испитување на популарноста на можни кандидати за градоначалници. Според информациите на „Фокус“, се испитува јавното мислење за него во општина Кисела Вода. Ова го потврди и Тарчуловски.
-Ми кажуваат дека моето име го име на тие анкети, но јас се немам кандидирано. Дали би прифатил доколку партијата ми понуди да бидам кандидат за градоначлник на некоја општина е прашање „што би било, кога би било“. Во тој случај, ќе размислам и ќе донесам одлука, вели Тарчуловски.